ЗА НАС

Центарот за доживотно учење е граѓанска невладина организација формирана како резултат на долгогодишното искуство и работа во сферата на образованието на возрасните и доживотното учење на неговите основачи.

Центарот за доживотно учење спроведува проекти во областа на образованието на возрасни и доживотното учење како чадор организација која ги обединува и поддржува интересите на понудувачите на образование на возрасни во Република Македонија и ги јакне нивните организациски капацитети. Искуството, знаењето и потенцијалот кои ги поседува тимот на Центарот за доживотно учење ќе придонесе во понатамошниот развој на образованието на возрасни и доживотното учење во Република Македонија.