Визија и мисија

ВИЗИЈА

Центарот за доживотно учење е водечки промотор на образованието на возрасни и доживотното учење во Република Македонија. Тој работи како обучувачки, консултантски и ресурсен центар и е носител на мрежата на понудувачи на образование на возрасни во Република Македонија.

МИСИЈА

Центарот за доживотно учење ја остварува својата визија преку спроведување проекти, вмрежување, обуки за обучувачи, консултации, истражувања, публикации, промоции, трансфер на знаење и лобирање.