Тим

Запознајте се со нашиот тим:

Билјана Мојсовска е родена и живее во Скопје. Дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. На постдипломските студии по Образовен менаџмент, таа за својот магистерски труд истражува на тема поврзана со светските трендови на образованието за возрасни. Уште од 2001 година, таа е професионално активна во областа на образованието за возрасни и доживотното учење и има стекнато големо искуство во спроведување и координирање на проекти за развој на образованието за возрасни и доживотно учење во Македонија и југоисточна Европа. Веќе 13 години таа е член во проектниот тим на Институт за меѓународна соработка на Германскиот сојуз на Народни универзитети, DVV International – канцеларија Скопје, а оваа работа придонесе многу за нејзиниот професионален развој во проектно координирање. Повеќе од 1 година, Билјана Мојсовска е лидер и проект координатор на тимот во Македонија и југоисточна Европа. Таа е едена од основачите на невладината организација Центар за доживотно учење

 

Снежана Димитровска е една од основачите на невладината организација Центар за доживотно учење и има 20 – годишно работно искуство на проекти. Во изминатите 16 години активно работи во Германскиот институт за образование на возрасни – DVV International. Снежана Димитровска е дипломиран инженер по архитектура. Таа ги има развиено своите вештини и квалификации за финансиски менаџмент преку учеството на различни обуки и курсеви во регионот и странство и има стекнато богато искуство со професионални ангажмани во областа на сметководството и финансиската анализа. Како член на проектниот тим работи професионално и на подготовка, организација, спроведување, мониторинг и евалуација на проекти  поврзани со образованието за возрасни и доживотното учење.

 

Андреа Арсовска е родена во 1986 година во Кочани, а од 2005 година живее и работи во Скопје. Дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Таа има стекнато искуство во проектна работа како волонтер во текот на студиите. Во 2013 година има работено како административен асистент за проекти во Германскиот институт за образование на возрасни – DVV International. Од основањето на невладината организација Центар за доживотно учење таа работи како проект асистент. Досега таа има стекнато искуство во организација, подготовка и имплементација на семинари, конференции и други настани поврзани со образованието на возрасните и доживотното учење, како и во канцелариски менаџмент и администрација, со фокус на преводи од германски и англиски јазик.

 

Лилјана Таневска има долгогодишна професионална и академска кариера. Работела на раководни функции во меѓународни организации на развојни проекти во Македонија и странство. Нејзиното работно искуство се состои во работа и на истражувачки проекти во Данска. Како и во спроведување на обуки во рамки на проекти под капа на Европската Унија. М-р Лилјана Таневска магистерските студии по европски студии по компаративен локален развој ги завршила на заедничките студии од реномираните европски универзитети: Универзитетот во Тренто Италија, Универзитетот во Регенсбург Германија, Корвинус Универзитетот во Будимпешта и Универзитетот во Љубљана. Нејзината биографија опфаќа присуство на голем број меѓународни конференции поврзани со развојот и развојните политики меѓу кои конференции организирани од ОЕЦД, Глобални развојни форуми на УН и ИЛО. Фокус на нејзината работа е интегрираниот локален развој со целосен опфат на сите фактори кои го детерминираат истиот: зелениот раст, социјалните аспекти, и нивната поврзаност со фискалната политика на локално ниво. Taa е ангажирана и во високото образование.