Тековни проекти

Проект 1: Поддршка на образованието на возрасните во земјите во транзиција, Југоисточна Европа, Кавказ и Турција 

Поддржан од: ДВВ Интернационал од Бон, СР Германија, со финансиска поддршка од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија  

Времетраење на проектот: 2016 – 2018 година

Главна цел: Зголемување на ефективноста и ефикасноста на образовниот систем за возрасни во Република Македонија. 

 

Проект 2: Подобрување на доживотното учење преку модернизација на Стручното образование и обука и Системите за образование на возрасни

Финансиран од: ЕУ – ИПА  

Проектни партнери: Британски совет, ДВВ Интернационал – Бон

Времетраење на проектот: 22 месеци

Главна цел: Придонес кон јакнење на интегриран систем за доживотно учење, со фокус на Стручното образование и обука (СОО) и образованието на возрасни, преку воспоставување на врска помеѓу образованието и пазарот на труд.  

 

Проект 3: Одговор на регионалните потреби на пазарот на труд преку развивање и сертифицирање на нови програми за образование на возрасни

Финансиран од: ЕУ – ЕРАЗМУС+  Клучна акција 2: Стратешки партнерства

Проектни партнери: Институт за развој на заедницата – Тетово,  Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ – Струмица, НВО ЕуроЕД – Букурешт, Училиште за уметност и занаетчиство – Рамнику Валчеа, Регионална библиотека “Gheorghe Sincai“ – Орадеа, ДВВ Интернационал – Бон

Времетраење на проектот: 24 месеци

Главна цел: Преку транснационална соработка меѓу Македонија, Романија и Германија, да се покаже пример за добра практика за регионален пристап во излегување во пресрет на потребите на пазарот на труд преку програми за образование на возрасни.

 

Проект 4: Доживотно@Учење

Финансиран од: ЕУ – ЕРАЗМУС+  Клучна акција 2: Стратешки партнерства

Проектни партнери: Институт за развој на заедницата од Тетово кој е воедно и координатор на проектот, Народниот универзитет од Хановер, Германија, Образовната Лига од Париз, Франција, и Инерција Дигитал од Хуелва, Шпанија

Времетраење на проектот: Септември 2016 - 28 февруари 2018

Главна цел: Подготовка на водич за забрзување на имплементацијата на онлајн учењето врз основа на размена на искуства помеѓу партнерите и пилотирање на обука со едукаторите и тренерите. Предложениот курс е направен врз добрите искуства на партнерите кои се поврзани со учење и предавање на далечина, и ќе биде резултат од комбинација на методологии кои произлегуваат од мултидисциплинарните пристапи користени од партнерите. Исто така ќе го интегрира и искуството кое е добиено во текот на учењето во земјите од каде доаѓаат партнерите.