Проекти

Центарот за доживотно учење (ЦДУ) ги исполнува своите цели преку имплементација на проекти кои ги опфаќаат следниве области:

• Област 1: Поддршка на системот и структурите на образованието на возрасните во земјата

ЦДУ го поддржува развојот и имплементацијата на политиките во образовниот сектор, преку соработка со сите релевантни државни чинители во образованието на возрасните. Преку советодавна улога и градење на капацитети, ЦДУ игра активна улога во создавањето и развојот на законодавни иницијативи, стратегии и процеси за градење на образованието на возрасните.

• Област 2: Придонес за развој на културата за доживотно учење во Македонија

Уште од 2002 година, ЦДУ организира кампања "Денови на доживотно учење" во Македонија. Оваа национална образовна кампања стана традиција и се одржува под покровителство на Министерството за образование и наука, во соработка со многу различни партнери.

• Област 3: Професионализација на образованието на возрасните во Македонија и Југоисточна Европа

Еден од повеќето приоритети на проектната работа на ЦДУ во Македонија и регионот на Југоисточна Европа е да ги зајакнат капацитетите на едукаторите за возрасни. Целта е, преку различни курсеви и обуки на конкретни теми да се придонесе обезбедување на квалитет во понатамошното образование на возрасните.

Во тој контекст, Центарот за доживотно учење координира национални проекти во Македонија, како и т.н. Андрагошка Регионална Академија во Југоисточна Европа.

• Област 4: Придонес кон демократизација и развој на активно граѓанство во земјата

Преку повеќе мерки за граѓанско образование на возрасни, ЦДУ го поддржува развојот на демократијата и мирната коегзистенција на различни етнички групи во Македонија.