Партнери

Центарот за доживотно учење ја спроведува својата проектна работа врз основа на партнерства. Главни партнери се сите релевантни институции од областа на образованието на возрасните.

Центарот за доживотно учење соработува со разни организации, провајдери на образованието на возрасни на национално и меѓународно ниво, како што се Отворените граѓански универзитети за доживотно учење, владини институции, министерства, агенции, многубројни невладини организации и други приватни понудувачи на образование на возрасни.