DVV International

DVV International

Центарот за доживотно учење има потпишано договор за соработка со DVV International од Бон, Германија, во чијашто рамка имплементира проекти за развој на образованието на возрасните во Македонија и Југоисточна Европа. 

Главната цел на DVV International е поддршка на развојот преку соработка во образованието на возрасни и млади.

DVV International е Институт за меѓународна соработка на Германскиот сојуз на Народни универзитети (Deutscher Volkshochschul-Verband e.V., DVV), како чадор организација на 16 регионални општински образовни центри (Volkshochschulen, VHS). DVV ги застапува интересите на членовите на здружението, заедно со оние од над 1000 Volkshochschulen, на национално, Европско и меѓународно ниво.

Националните и меѓународните активности на DVV International водат кон посветеност на човековите права, а принципите на Институтот кон унапредување на жените и родовата еднаквост.

DVV International е активен на светско ниво, соработувајќи со повеќе од 200 партнери во повеќе од 35 држави. Институтот се гледа себеси како професионален партнер кој поседува  искуство и ресурси за заеднички проекти и учи од своите партнери.

Работата на DVV International претежно е финансирана со средства од федералниот буџет и други донатори.

DVV International

  • Ја поттикнува европската и светската стручна размена на информации за образованието на возрасни и неговиот развој
  • Го поддржува развојот на структурите за образование на возрасни и млади во земјите во развој и транзиција
  • Нуди обуки, советување и медиуми за глобално, интеркултурно и европолитичко учење

 

Развој

Во рамките на главната цел, намалување на сиромаштијата, DVV International се стреми да воспостави и развие организации кои нудат ефикасно образование на возрасни и придонесуваат кон градење на систем ориентиран за развој на образованието на возрасни. Милениумските цели за развој, иницијативата на светско ниво „Образование за сите“ и Светската Конференција за Образование на Возрасни (CONFINTEA), служат како рамка за дејствување, која дава важна ориентација на овој стремеж.

Работата на DVV International е обликувана со јасна идентификација, поврзана со интересите на посиромашните социјални слоеви во земјите - партнери на Институтот.

Проектите се сконцентрирани на основно образование и описменување, образование за животна средина и одржлив развој, глобално и интеркултурно учење, миграција и интеграција, здравствена едукација и превенција од СИДА, како и спречување на кризи и демократија.

Мостот помеѓу образованието и вработувањето се гради преку ориентираната работа и стручниот пристап кој има за цел луѓето да се интегрираат во работните процеси и занимања, подобрување на своите приходи, стекнување на компетенции и вештини.

Соработка

DVV International практикува секторски пристап, со цел подобрување на структурите во областа на политиката, законодавството и финансирањето и истовремено зголемување на професионализацијата на образованието на возрасните во теорија и пракса.

Со зајакнување на ефикасноста на капацитетот на партнерите во образованието на возрасни и млади, Институтот има за цел да воспостави трајни и ефикасни локални и национални општествени структури како фактор во борбата против сиромаштијата.

Во поединечни земји, проектите се комбинираат во регионални и програмски области, коишто заеднички се планирани, менаџирани и евалвирани за да се утврди нивниот импакт.     Во Германија како и во регионалните канцеларии на DVV International во Африка, Азија, Латинска Америка и Европа се структурира локалната соработка со партнери за да се обезбеди квалитет на работа.

Европското и меѓународното вмрежување со други организации за образование на возрасни и млади, е основен дел од соработката.

Образование на возрасни и млади

Образованието претставува универзално човеково право. Тоа е основна потреба и неопходен предуслов за развој.

Едукацијата на младите и возрасните е основна компонента на образованието и игра клучна улога во процесот на доживотното учење како општо, стручно, културно и научно континуирано образование и дополнителен тренинг.

Неформалното образование и вон училишните образовни програми им овозможуваат на младите и возрасните да се стекнат со нови вештини кои го дополнуваат формалното образование и ги надоместува нивните недостатоци.

Контакт

DVV International 
“Obere Wilhelmstraße“ 32
53225 Бон
Германија
info@dvv-international.de
www.dvv-international.de